1:10-19
10. | Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, оти, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, |
11. | бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. |
12. | Поради тоа секогаш ќе се грижам да ви ги напомнувам овие работи, иако ги знаете, и да сте утврдени во сегашната вистина. |
13. | Па и право е, додека сум во ова тело, да ве подбудувам со напомнување, |
14. | оти знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми јави. |
15. | А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт. |
16. | Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени параболи, туку откако станавме очевидци на Неговото величие. |
17. | Оти Он прими чест и слава од Бога Отецот, кога од велелепната слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение”. |
18. | И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на Светата гора. |
19. | А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца. |