Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука
 

 

Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука

Календар, житија, пости
Почеток
 

12:1-11

1. Во тоа време цар Ирод кладе рака на некои од Црквата, за да им направи зло,
2. и со меч го уби Јакова, братот Јованов.
3. А кога виде, дека тоа им се свиде на Јудејците, го фати и Петра, а тогаш беа дните на Бесквасници.
4. И, како го задржа, го фрли в затвор и го предаде на четири четворки војници да го пазат, а со мисла веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
5. И така, Петар беше пазен во затворот, а Црквата постојано Му се молеше на Бога за него.
6. А кога Ирод сакаше да го изведе, ноќта спроти тој ден, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во две вериги, а стражарите пред портата пазеа на затворот.
7. И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петра по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!” И веригите му паднаа од рацете негови.
8. Тогаш ангелот му рече: „Опаши се и обуј си ги чевлите!” Така и направи. И пак му рече: „Облечи ги алиштата свои и врви по мене!”
9. И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го прави ангелот, е вистина, туку си мислеше оти привид гледа.
10. Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама; тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.
11. Тогаш Петар, откако дојде на себеси, си рече: „Сега разбрав навистина дека Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сe, што очекуваше јудејскиот народ.”