Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука
 

 

Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука

Календар, житија, пости
Почеток
 

26:1-5;26:11-20

1. Агрипа му рече на Павла: „Ти се позволува да зборуваш за себе.” Тогаш Павле ја пружи раката и почна да зборува во своја заштита:
2. Радосен сум, царе Агрипа, дека денес пред тебе ќе се заштитувам од сe, во што ме обвинуваат Јудејците,
3. а најмногу, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво.
4. Мојот живот од младини, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци;
5. тие одамна ме знаат, – ако сакаат нека сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера;
11. и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исуса и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови.
12. За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците,
13. посред бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене.
14. Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски јазик: »Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодило.«
15. А јас реков: »Кој си Ти, Господи?« Он одговори: »Јас сум Исус, Кого Го гониш ти.
16. Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам,
17. издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, при кои ќе те испратам сега,
18. за да им ги отвориш очите нивни, та да се обрнат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.«
19. Затоа, царе Агрипа, јас не се воспротивив на небесното видение,
20. но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабошците им проповедав да се покајат и да се обрнат кон Бога, вршејќи дела достојни за покајание.