Послание на светиот апостол Павле до Римјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Римјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

8:28-39

28. Знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се призвани по Негова волја, сe им врви добро;
29. оти оние, кои ги позна порано, нив и ги определи да бидат слични по образот на Неговиот Син, та Он да биде првороден меѓу многуте еднородни браќа.
30. А оние што ги предопредели, нив и ги повика; и кои ги повика, нив и ги оправда; кои ги оправда, нив и ги прослави.
31. Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
32. Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, како да не ни подари со Него сe?
33. Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е, Кој ги оправдува.
34. Кој е, што ќе суди? Христос ли Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога, и Кој се застапува за нас?
35. Кој ќе нe одвои од љубовта Божја; тага ли, невола ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч?
36. Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нe убиваат; нe сметаат како овци за клање.”
37. Но во сето ова победуваме преку Оној, Кој нe возљуби.
38. Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашнината, ни иднината,
39. ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нe оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ.