Пролог: Светиот маченик Албан
 

 

Житие: Светиот маченик Албан

Календар, житија, пости
Почеток
 
Англиски благородник. За време на гонењата скри во својот дом христијански свештеник којшто го поучи во Христовата вера. Тогаш тој му ја даде својата облека на свештеникот, а самиот се облече како свештеник и им се предаде на мачителите. Кога го осудија на смрт, тој и својот џелат го приклони кон Христовата вера.

Тропар
Се запали верата ревносна во тебе, свети Албане, и ти итајќи кон Господа ја покажа силата Господова благодатна: душата своја за ближниот ја положи и Христа маченички Го прослави. Затоа денес чест и пофалба ти вознесуваме и за застапништво пред Бога Праведниот те молиме.