Божествена Литургија
 
 
 
 
 

Божествена Литургија (17.11.2009)

Денес, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во параклисот на светите Григориј Палама и Старец Јосиф Спилеот во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча.

 

„Боже на духовите и на секое тело, Којшто смртта си ја сотрел и си го уништил ѓаволот, и живот на Твојот свет си му дарувал; Самиот Ти, Господи, упокој ги душите на Твоите чеда, во место светло, во место цветно, во место на одмор, од кадешто побегна секоја болка, тага и воздишка. Секој грев направен од нив со збор, или дело, или помисла, како благ и човекољубив Бог, прости, зашто нема човек да живее а да не згреши. Ти единствен си без грев, правдата Твоја е правда вечна, и Словото Твое е вистина. Зашто Ти си воскресение, и живот, и покој на починатите чеда Твои, Христе, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец и со пресветиот, благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.“