Вечерна богослужба во Неделата на простувањето
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во Неделата на простувањето (10.03.2019 12:12)

На 10 март 2019 година, во Неделата на простувањето, викарниот епископ Јаков Стобиски отслужи Вечерна богослужба во соборната црква „Светите Методиј и Кирил“, во Струмица. Викарниот епископ Јаков Стобиски побара прошка од секој од присутните верни, како и тие од него. Верните, исто така, меѓу себе си побараа прошка еден од друг.