Zitija na Svetiite
 
 
 
 
 

Во издание на црквата Свети Григориј Палама и Свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Струмички г. Наум, досега се издадени седум тома од Житијата на Светиите, за месеците: јануари, февруари, март, април, мај, јуни и јули.  Во подготовка за печатење е и осмиот том за месец август. Изданијата ги подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.

Што се „Житија на Светиите“? Ништо друго туку своевиден продолжеток на „Делата Апостолски“. Во нив е истото Евангелие, истиот живот, истата вистина, истата правда, истата љубов, истата вера, истата вечност, истата „сила од висините“, истиот Бог и Господ. Бидејќи „Господ Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки“ (Евр. 13, 8): ист за сите луѓе од сите времиња, раздавајќи исти дарови и исти божествени сили на сите што веруваат во Него. Тој продолжеток на сите животворни божествени сили во Црквата Христова низ вековите и вековите и од поколение во поколение го сочинува и живото Свето Предание. Тоа Свето Предание непрекинато се продолжува како благодатен живот во сите христијани, во кои низ светите Тајни и светите добродетели со благодатта Своја живее Господ Христос, Кој е Целиот во Својата Црква, така што таа е – Негова полнота: „полнота на Оној Кој исполнува сè во сè“ (Ефес. 1, 23). А Богочовекот Господ Христос е сесовршена полнота на Божеството: „оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството“ (Кол. 2, 9). А христијаните се должни со помош на светите Тајни и светите добродетели да се исполнат со „сета полнота Божја“ (Ефес. 3, 19). „Житијата на Светиите“ ги прикажуваат оние со Христос Бог исполнети личности, оние свети личности во кои се чува и преку кои се пренесува Светото Предание на овој свет благодатен живот, кој се чува и пренесува со светото евангелско живеење. (преподобен Јустин Ќелиски)

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
e-mail: pravoslavniknigi@gmail.com 
или:  о. Боро Милчев,  тел. 071-213-000