Послание на светиот апостол Павле до Евреите
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Календар, житија, пости
Почеток
 

13:17-21

17. Покорувајте им се на наставниците ваши и бидете послушни, оти тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.
18. Молете се за нас, оти сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во сe добро да постапуваме.
19. Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да ви бидам вратен.
20. А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос,
21. нека ве усоврши во секое добро дело, за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она, што Му е Нему благоугодно, преку Исуса Христа, Нему слава во веки веков. Амин!