Акатист и Молебен канон кон Пресвета Богородица „Брзопослушничка“
 
 
 
 
 

Акатист и Молебен канон кон Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ (14.03.2017 18:43)

Во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во  Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излегоа од печат Акатист и Молебен канон кон Пресветата Владичица наша Богородица во чест и спомен на јавувањето на Нејзината чудотворна икона наречена „Брзопослушничка“.

 

Икос 1.

 

Ангелските хорови благоговејно Ти служат,

а сите Небесни Сили со незамолчливи гласови

непрестајно Те величаат, Богородице Дево,

како родителка на Царот на Ангелите, Христос Бог,

а ние, пак, грешните, дрзнувајќи да им се придружиме,

не умееме достојно да Те возвеличаме,

та смиреномудрено Ти повикуваме:

 

Радувај се, на непристапното Божество селение!

Радувај се, непрестајно ангелско удивление!

Радувај се, Трпезо света со лебот на Животот што нѐ храниш!

Радувај се, маслино благоплодна, со елеј на милост срцата наши ги помазуваш!

Радувај се, на дарови на Божјата благодат неисцрпна ризницо!

Радувај се, на чудеса непресушно течение!

Радувај се, застапничке на понижените!

Радувај се, утешителке на нажалените!

Радувај се, помошничке на бедните!

Радувај се, исцелителке на болните!

Радувај се, укрепителке на раслабените!

Радувај се, ослободителке на заробените!

 

Радувај се, себлага Брзопослушничке!