Соопштение
 
 
 
 
 

Соопштение (09.03.2018 13:27)

Почитувани,

Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона „Скоропослушница“, која пред една година, на 12. 03. 2017 лето Господово беше донесена на дар во храмот на светите 15 Тивериополски маченици во Струмица, од страна на монасите од светогорскиот манастир Дохијар,
во саботата на 10. 03. 2018 во споменатиот храм ќе биде отслужено бдение со почеток од 20:30 часот.

Следниот ден празничната Архиерејска Литургија е предвидено да започне во 07:30 часот, по што следи свечена литија со чудотворната икона, која ќе започне во 10:00 часот од храмот и ќе се движи низ улицата „5-ти Ноември“, потоа преку улиците „Крушевска република“ и „Балканска“ до кружниот тек, и ќе продолжи по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие- доксологија, проследени со кратки поздравни слова, по што литијата по истиот пат ќе се врати во храмот.

Најсрдечно ве покануваме да дојдете во градот на славните Тивериополски маченици и да го споделите со нас ова духовно ликување заради благодатното присуство на Богомајката, Која преку својата чудотворна икона „Скоропослушница“ ја посети Струмица и изобилно го излеа својот благослов врз оваа земја.