Божествена Литургија во Берово
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Берово (03.03.2019 11:56)

На 3 март 2019 година, во Неделата на Страшниот суд, Митрополитот Европски Пимен, во сослужение со викарниот епископ Јаков Стобиски, отслужи Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, во Берово. Митрополитот Пимен на Литургијата го ракоположи во презвитерски чин ѓаконот Дејан Миловски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.