Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (16.03.2019 16:49)

Денес, во првата сабота од Великиот пост, посветена на светиот великомаченик Теодор Тирон, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со викарниот Епископ Стобиски Јаков, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.