Воскресение Христово во Струмица
 
 
 
 
 

Воскресение Христово во Струмица (28.04.2019 10:27)

Пред полноќ, во Струмица, во црквата посветена на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив, на литијата на Полуноќницата на Христовото Воскресение, Викарниот Епископ Стобиски Јаков му подели светлина од благодатниот оган на многубројно притекнатиот верен народ, поздравувајќи го со најсветлите зборови дадени на човештвото: „Христос воскресна!“ Пред црквата, на отворено, Викарниот Епископ Стобиски Јаков отслужи Божествена Литургија на Воскресение.