Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (25.05.2019 06:56)

Во Неделата на Самарјанката, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, Викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија, на која го ракоположи во презвитерски чин ѓаконот Максим Пармачки, а во ѓаконски чин ипоѓаконот Леонтиј Ајтовски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.