Божествена Литургија во манастирот во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во манастирот во Водоча (30.06.2019 14:50)

Денес, на празникот на светите маченици Мануил, Савел и Исмаил, и преподобен Пиор, Викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, на која го ракоположи во ѓаконски чин ипоѓаконот Симеон Кантурски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.