Децата од веронаука ги посетија манастирите во Лесново и Берово
 
 
 
 
 

Децата од веронаука ги посетија манастирите во Лесново и Берово (01.07.2019 18:41)

На 30 јуни 2019 година, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, се одржа еднодневна бесплатна екскурзија за децата од веронаука, кои неодамна со своите цртежи учествуваа во подготовката на книгите за деца „Венец на светоста“ и „Светилници на светот – македонски светители“ (книга 1 и 2)“, под раководство на нивната наставничка, Катерина Божинова, специјалист по религиско образование. Децата ги посетија манастирите во Лесново и Берово.

Во манастирот во Лесново беа срдечно пречекани од Владиката Иларион и игуменот Дамаскин, кои им поделија подароци. Децата се поклонија пред моштите на преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, и присуствуваа на Божествената Литургија, на која се причестија со Светите Христови Тајни, а потоа учествуваа на заедничката трпеза на љубовта.

Во Берово, во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, игуменот Фотиј ги запозна со историјата на манастирот и им покажа како се изработува темјан и како се подготвува познатиот манастирски локум, а во манастирот „Свети архангел Михаил“ децата имаа можност да ја видат галеријата мозаици изработени од сестрите во манастирот.