„Астерфест“ во Велјуса
 
 
 
 
 

„Астерфест“ во Велјуса (28.07.2019 10:36)

На 27 јули 2019 година, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“, во с. Велјуса, во рамките на 14-от Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“, во Струмица, беа одржани „Астер и Тивериополски беседи“ во чест на лауреатот Данчо Чеврески, македонски филмски и телевизиски актер и продуцент. Почесно признание на Астерфест ќе добие и документаристката Ким Лонгиното, на која плакетата ќе ѝ биде врачена во Велика Британија.