Божествена Литургија во манастирот во Ново Село
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во манастирот во Ново Село (25.08.2019 14:55)

На празникот на светите маченици Аникита и Фотиј, и светиот свештеномаченик Александар, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.