Министерот за култура во посета на манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча
 
 
 
 
 

Министерот за култура во посета на манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча (29.08.2019 13:31)

Во рамките на дводневната посета на општина Струмица, министерот за култура на Република Северна Македонија, г. Хусни Исмаили, го посети манастирскиот комплекс „Свети Леонтиј“ во Водоча, каде што го прими викарниот Епископ г. Јаков Стобиски.