Божествена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Водоча (09.09.2019 12:01)

Денес, на празникот на преподобен Пимен Велики, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, на која го ракоположи во ѓаконски чин ипоѓаконот Оливер Новески. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.