Проектот за изградба на нов соборен храм посвeтен на Успението на Пресвета Богородица прикажува трикорабна базилика со впишан крст, со петкуполен свод и два странично прилепени параклиси на јужното и северното крило до централното тело. Крстообразноста на соборната црква ја овозможува простран отворен фрескописан двокатен егзонартекс што се надоврзува на традицијата на велелепните ранохристијански цркви.
Вкупните димензии на објектот изнесуваат:
49 m /должина х 41 m /ширина х 30 m /висина.
Покровител на изградбата е градоначалникот на градот Струмица, г-динот Зоран Заев.
Со реализацијата на овој градежен проект ќе биде издигнат еден од најголемите и најубавите храмови Божји во Македонија.
Проектиран е според правилата и каноните на православната архитектура, согласно нашата вера, литургиски потреби и светоотечко градителско Предание.
проектот на новиот соборен храм во Струмица
низ фотографии
За оние што би сакале да учествуваат како приложници во изградбата на овој соборен храм на Успението на Пресвета Богородица, Струмичката Епархија отвори жиро-сметки:
1. денарска жиро-сметка:
соборен храм Успение на Пресвета Богородица - Струмица
Охридска банка АД - Охрид
број на жиро-сметка: 530-0603005651-49
2. девизна жиро-сметка:
soboren hram Uspenie na Presveta Bogorodica - Strumica
Ohridska banka AD - Ohrid
SWIFT code: OHRDMK22
Bank account: 530-0000000001-76
IBAN: MK07530901000317093
листа на кореспондентни банки:
http://www.ob.com.mk/mk/platenpromet/platenpromet.htm
За изградбата на овој храм можете да донирате 100 денари со еден повик на бројот: 070-14-31-32