Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на преподобен Наум Охридски - Чудотворец во с. Чифлик - Кочани (05.07.2009)

На 03.07.2009 година, кога Македонската Православна Црква го празнува Преподобниот Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија отслужи света архиерејска литургија во црквата посветена на Преподобниот Наум Охридски - Чудотворец во с. Чифлик - Кочани, која беше осветена пред една година и два месеци.     

По светата литургија и произнесеното пригодно празнично слово, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече славскиот колач и присутниот народ, заедно со свештенството и духовниот татко Митрополитот Брегалнички г. Иларион, пристапија кон трпезата на љубовта подготвена од Црковното настојателство, за целот присутен верен народ.