Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во посета на Бигорскиот манастир (26.11.2009)

Воден од пастирска грижа за своите чеда, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј вчера го посети Бигорското светилиште и беше запознаен со актуелната состојба во манастирот, текот на работите во врска со новиот конак - Источни палат, кој е во изградба и активностите преземени за заштита и санација на ѕидовите што останаа од некогашниот Горни палат. Митрополитот уште еднаш им ја изрази на монасите својата поддршка во овие мигови на искушенија за братството, како и своето задоволство од досегашниот брз напредок во изградбата.   

 

                                 

 

    

 

                                

 

    

 

   

 

                               

 

 

 

 

Известува:

Братството на Бигорскиот манастир