Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Источен петок – Балаклија (09.04.2010)

„Владичице, ти си навистина Изворот на жива вода, бидејќи ги лекуваш тешките болести на душите и телата, само со допир до тебе, излевајќи ни го Христа – водата на спасението“ (Егзапостилар на празникот)

Богоблагодатната Дева е навистина непресушен извор кој постојано излева благодат и чудеса и радост непрестана, тек на неискажлива добрина, ослободување од различни болести, потопување на секакви страсти, вода провидна која верните ги прави здрави, благодатен бран кој разни болести лекува, чаша на животочна манна, од Бога излеана бања и нектар, вода на премудроста, која го отстранува незнаењето, омекнување на срцето, кое излева храна божествена, пристаниште на изнемоштените, вода спасителна! 

Затоа с во Бигорскиот храм беше во чест на Пресветата. Незиниот благ лик од чудотворната икона 'Достојно ест", просто зрачеше, обвиткан со прекрасен сплет од нежни розови цветови, и се чинеше дека мајчински се насмевнува, додека наоколу се лееа торжествените стихови во кои се воспеваше благодатната сила на нејзиниот Живоносен Источник. И не можеше а да не се почувствува онаа силна благодат што се излеваше во храмот. Како Пречистата наша Владичица да ги прегрнуваше сите присутни, будејќи им силна радост во срцата. Божествената Литургија ги круниса тие радосни чувства и ги збогати со уште поголемо торжество и ликување кое продолжи и за време на свечената литија до испосницата на Живоносниот Источник – Балаклија, што се наоѓа во шумата под манастирот. Предводени од Богородичната чудотворна икона 'Патеводителка", која беше носена на рацете од монасите, бројните верници со воскресни восклици и химни во чест на Богомајката, во литија го поминаа целиот пат до испосницата, каде беше осветена вода, а потоа, повторно со литија, монасите и присутните верници се упатија до манастирскиот овоштарник и скитот на Св. Серафим Саровски, просејќи од Пресветата Богородица да го посети и благослови ова свето катче посветено на славното саровско старче, со радосна надеж дека веќе идната година тука ќе никне нов храм во негова чест. Најпосле литијата заврши пред свечено украсената фијала, каде повторно се освети вода, во едно вистинско воскресно расположение, со радосни восклици и слапови од цвеќе.  

 

                                

 

   

 

                                  

 

                                 

 

                             

 

                                                           

 

    

 

                               

 

    

 

     

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Известуваат: сестрите од Рајчица