Pouka za denes
 
 
 
 
 

Има многу видови на смирение. Некој е послушен и во сè се укорува себеси, и тоа е смирение. Друг се кае за своите гревови, и се смета себеси за нечист пред Бога, и тоа е смирение. Но, поинакво смирение има оној кој Го познал Господа преку Светиот Дух. Тој има друго познание и друг вкус. Кога душата преку Светиот Дух ќе Го види Господа, колку е Он кроток и смирен, тогаш самата се смирува до крај. Тоа е сосема особено смирение, и никој не може да го опише. Тоа се познава само преку Светиот Дух, и да познаеја луѓето преку Светиот Дух каков е нашиот Господ, сите ќе се изменеа. Богатите ќе го презреа своето богатство, учените – своите науки, управниците – својата слава и власт. И сите ќе се смиреа и ќе живееја во голем мир и љубов. И на земјата ќе беше голема радост. Кога душата ќе се предаде на волјата Божја, тогаш во умот повеќе нема ништо освен Бог, и душата со чистиот ум пребива преде Него.

 

(старец Силуан Атонски)