Knizarnica
 
 
 
 
 

Во своите матични манастири, Велјушкиот и Водочкиот, Струмичката епархија развива самостојна, сеопфатна но селективна црковна издавачка дејност. Издадени се над дваесет наслови, од кои: оригинални пастирски текстови и есеи со аскетска тематика, преводи од поуките за молитвата на современите Старци од 20 век, текстови од историјата на исисхазмот, преведени изданија од современата светска теологија, апологетски текстови како одговор на состојбите во јавноста кон возобновеното монаштво итн.

Струмичката епархија е идеен основач и покренувач на списанието „ПРЕМИН“.

Монашките ракоделија се предмети што монасите ги изработуваат рачно, во своите клеии, дедека се молат. Монашките ракоделија се плодови на молитвата и љубовта на монасите. Честопати низ историјата на Црквата биле живо сведоштво за Православното предание, естетика и духовност. Тоа се предмети со ретка убавина, дело на трпение, концентарација, покајание, смирение, послушание... збир на сите монашки доблести.

Плетени или дрвени крстови, бројаници, каширани или цртани икони. Рачно изработени везени монашки схими, свештенички одежди, везени разделници за книги, др. везени прекривки со сакрална намена. Бележници, разделници, картички од рачно изработена хартија. Резбани предмети од ореово дрво: мали келијни кадилници, кутивчиња за темјан. Рачно ткаени прекривки и простирки, итн. Списокот може да биде многу долг и разновиден.

Во денешниот свет на масмедиумска глобализација и страшна акцелерација во секојдневниот живот, уште само монасите остануваат верни чувари на древните занаети, имајќи доволно љубов и време личносно да се вградат во секој предмет што низ молитва го изработуваат со своите раце. Еден таков предмет дише со здивот на благодатта на Светиот Дух и претставува особен благослов за оној што го поседува.