Knigi za prodazhba
 
 
 
 
 

 

Јован Маендорф
Свети Григориј Палама и православната мистика
(превод од француски) 


Исихастичката духовност не може да
одговори на секој проблем на нашето време.
Единствено Евангелието може да го стори тоа! Меѓутоа, таа станала извонредно актуелна токму поради нејзината верност на библиското учење за Бог и за човекот, поради целосната слобода на нејзината побожност восредоточена на единствената стварност - на Исус, Воплотениот Син Божји.
Исихастичката традиција преживеала во срцето на православната Црква не поради некаква апсолутиазија на една посебна школа, туку поради нејзината верност кон ’Единствениот Којшто е потребен’ во севкупниот христијански живот.
Токму во оваа смисла можеме да говориме
за Исусовата молитва како за автентична пројава
на православната духовност.

                            
                              За нарачка на оваа книга, кликнете тука 100 ден.

„Соочување со апсурдот“
Митрополит Струмички Наум

...познавајќи го нашиот Епископ, знаеме дека неговата
пастирска борба не е заради и единствено за признавањето на Македонската Православна Црква, особено кога знаеме дека ниту со признавањето нешто ќе и се придодаде или пак со непризнавањето нешто ќе и се одземе, туку пред сè заради единството и полнотата на Православната Црква воопшто, и заради соборното сведоштво на најпрекрасниот меѓу синовите човечки, нашиот Спасител и Господ Исус Христос… „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе”
(Јован 13, 34-35).

(од предговорот на книгата)

За нарачка на оваа книга, кликнете тука 100 ден.

„Ни Јас не ви кажувам“
Митрополит Струмички Наум

За нас, монасите кои живееме под духовното и
телесното око на нашиот Отец, неговите беседи на
литургиските евангелија се од бесценето значење. Тие се слово кое извира од жив и личен опит, слово кое е посведочено со живот на дело, кое во себе ги има силата и присуството на Светиот Дух, слово со власт и слово во сила. Заради тоа секогаш кога беа изговарани, ни носеа светлина за познание во подвигот, радост и сили за негово исполнување. Овие беседи за нас монасите значат живот... Дотолку повеќе што, уште еднаш ќе кажам, тоа не се беседи – сублимат од некое научено знаење кое веќе негде е напишано или кажано, туку се директно откровение заради
пастирските потреби на еден вистински
Христов војник и Епископ.

(од предговорот на книгата)

За нарачка на оваа книга, кликнете тука 100 ден.

Мал Православен Молитвеник
четврто издание

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум,
во издание на Библиотека Воведение
од манастирот на Пресвета Богородица Елеуса
во Велјуса, по повод 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, излезе од печат четврто издание на „Мал Православен Молитвеник“.

„Браќа, почнувајќи од утрото, преку целиот ден, а ако е возможно продолжете да повикувате и во текот на ноќта:
Господи Исусе Христе, помилуј ме

и присилувајте го вашиот ум на ова дело постојано, до самата смрт!“
Свети Јован Златоуст

За нарачка на оваа книга, кликнете тука
50 ден.

„Друга Визура“
Сестра Макрина

Во издание на „Премин“ излезе од печат
книгата „Друга визура“ од Сестра Макрина. Книгата е зборник на текстови објавувани во печатени и електронски медиуми.
„Оваа книга бара да ги исфрлиме зборовите на омраза, да се свртиме кон себе и кон сопственото судење, да не ги судиме другите за нашите гревови, да го љубиме “непријателот” за тој да престане да постои, да сфатиме дека најголемиот непријател сме си самите себеси, неочистени и полни гревови и пороци. Ако човек љуби, тогаш сфаќа дека патот до Бога не е поплочен со зборови, граматики и речници, туку со дела, и дека непријателот е во нас, не надвор од нас …“

Венко Андоновски
(од предговорот на книгата)

За нарачка на оваа книга, кликнете тука 100 ден.