Izdavacka dejnost
 
 
 
 
 

Прирачна психоанализаМитрополит Струмички Наум
Прирачна психоанализа

„А Синот Божји, Богочовекот Исус Христос, на луѓето кои сакаа, покрај тоа што ги потсети на основните човечки дарови, им ја покажа и ги научи и на духовната надградба. Таа надградба, да запамeтиме, може да се оствари само доколку постојат основните човечки дарови. Што подразбираме под духовна надградба? Што уште ни покажа и со дело нè поучи Богочовекот Исус Христос? Ни покажа, најважно и најглавно, дека треба да ги љубиме и непријателите. Љубовта и кон непријателите е основна и главна карактеристика која нас, луѓето, нè прави синови Божји и богови по благодат; и ништо друго. И нема друг начин. Ни покажа и нè поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нè поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме и од зли чувства и мисли. Нè поучи како да се смируваме во Божјата волја. Нè поучи да Му благодариме на Бог за сè, посебно за злото кое ни се случува; нè поучи како целиот наш живот да ни биде благодарење. Нè поучи дека, во секое искушение треба да ја бараме Божјата правда, а не човечката. Нè поучи како непрестајно да Му се молиме на Бог за сите луѓе, без исклучок. Ни покажа и нè поучи што значи преобразување и обожение на човековата личност и неговата природа, и што е тоа гледање на несоздадената Божествена светлина. Ни покажа како обожениот човек може да ја победи смртта станувајќи обожено Тело Христово, во микро и макро смисла, во Црквата чија единствена Глава е Он – Господ Исус Христос; нè направи автентични сведоци на Неговото Воскресение. И ни ја дарува вистинската вера.“ (извадок од книгата)

 

Пресвета Богородица и Секогашдева МаријаМитрополит Струмички Наум
Пресвета Богородица и Секогашдева Марија

„Богородица, заедно со жените мироносици, најмногу и докрај сострадуваа под Крстот, но затоа и први ја слушнаа веста за Христовото воскресение и први Го допреа Воскреснатиот Богочовек Христос. Поуката што може да се извлече од напишаното е дека ни е потребна смирена и љубовна постојаност во подвигот на следење на Богочовекот Христос, докрај – до ’последното место‘. ’Последното место‘ е почеток и крај на овоземниот православен духовен живот. Кога ме прашуваат духовните чеда да им кажам каде е местото на срцето, им одговарам кратко: тоа е ’последното место‘. Седни на ’последното место‘ и срцето само се отвора за умно-срдечната молитва. Токму тоа ’последно место‘ е скриениот подвиг на Богородица и жените мироносици, тоа е тајната на есхатолошкото свештенство. Пресвета Богородице, по молитвите на жените мироносици, спаси нè!“ (извадок од книгата)

Митрополит Струмички Наум
Постојам, значи љубен сум

Постојам, значи љубен сум„Почетокот на барањето љубов е давање љубов. Антиномично, ама – тоа е...
Љубовта сама доаѓа, како светлина што ги осветлува сите. Нејзиниот носител го осветлува однатре.
Нема љубов без слобода, ниту слобода без љу бов. Затоа, љубовта е давање, а не барање... Таа е мислата-водилка. Кога еднаш ќе ни стане јасна – во сила, целиот живот ќе ни го промени – во Светлина.
Слободата без љубов и љубовта без слобода, кај и да е, водат во смрт.
Љуби и прави што сакаш. Најпрво вистински љуби, па дури тогаш прави што сакаш – но, сигурно е дека нема да направиш нешто спротивно на љубовта.
Љубам, значи постојам.
Постојам, значи постои можност да љубам и да бидам љубен. И, само едното е среќа, а камоли и
двете да се погодат.
Подобро е да бидам сакан или да сакам? Велам – да сакам. Затоа што, со тоа што постојам веќе сум
сакан, и второ – љубовта ме облагородува.
Најубаво е кога ќе ни возвратат со љубов. Но, секогаш кога ја бараме, ја губиме нашата слобода,
а со тоа и љубовта.
Љуби ги сите, и радоста останува со тебе.“ (извадок од книгата)

Христијански идентитетМитрополит Струмички Наум
Христијански идентитет

„А, што значи тоа да останеш нераспнат, т.е. жив за овој паднат свет и без учество во Крстот Христов, т.е. да останеш без христијански идентитет? Тоа значи да се поистоветуваш со своето паднато, поделено, дуалистичко „јас“, односно со своите гревовни страсти, кои на колективно ниво се пројавуваат како световни поделби со коишто се поистоветуваш – држава, нација, партија и други форми на самочовечко организирано здружување. Со други зборови, кога се поистоветуваш и ги продлабочуваш поделбите и во себе и во веќе поделениот свет околу тебе, наместо да ги исцелиш тие поделби во самиот себе, како и поделбите во светот околу себе – преку пастирски пристап кон истите.“

(извадок од книгата)

Пастирски пристап или поистоветувањеМитрополит Струмички Наум:
Пастирски пристап или поистоветување

„Најлошо е кога мислиме дека на Бог Му служиме, а во суштина му служиме на демонот. Тоа се нарекува прелест. Тоа се случува затоа што начинот на нашиот живот не е восогласен со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме. Оттука произлегува и нашето острастено поистоветување (за разлика од пастирскиот пристап) со овосветските шеми на организирање надвор од Црквата: државата, нацијата и партијата.
Нашиот пастирски пристап кон државата, нацијата и партијата – нив ги преобразува и зајакнува, додека пак, нас нè осветува, а поистоветувањето со нив – нас нè заслепува, а нив ги уништува. Кој ќе ни биде крив потоа!?
Што е пастирски пристап, а што поистоветување, еве, на пример, кога е во прашање партијата? Накратко: пастирски пристап е кога црковните, духовните, Богочовечките вредности ги пренесуваме во партијата, а поистоветување е спротивно од претходното – кога партиските вредности (вредностите на лидерот на партијата) безрасудно и безрезервно ги прифаќаме како свои. Истото важи и за државата и за нацијата.
Прашањето што се поставува сега е многу едноставно. Што ќе ни е Богочовекот Христос и целиот Божји Домострој на нашето спасение во Светиот Дух Господ, ако некоја партија или партиски лидер нам треба да ни ги одредува вредностите и критериумите според кои ќе мислиме и ќе живееме? Нели е малку малоумно да се поистоветуваме со овосветските вредности, кои на крајот, сепак, се сведуваат на задоволување на гревовните страсти за човечка слава и власт, за пари и имот, за телесни наслади, а истовремено да се нарекуваме христијани? (...)
За да можеме да имаме пастирски пристап кон луѓето, треба и самите да се наоѓаме на степен на просветлување на умот со дарот на умно-срдечната молитва или барем да сме во подвиг на очистување на срцето од страстите преку послушание – најдобро кај вистински духовен отец, кој, меѓу другото, го препознаваме и по тоа што нема самиот да ни кажува за која партија да гласаме.“ (извадок од книгата)

   

Нови личносни односиМитрополит Струмички Наум:
Нови личносни односи

„Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините Свети Тајни и Добродетели. Иако велиме дека во процесот на преображението и обожението нашата и Божјата природа заемно се проникнуваат, ние сепак, знаеме дека проникнувањето бива од страна на Бог, Кој со Своите несоздадени енергии (благодат) ја проникнува и обожува човечката природа. Затоа Бог е единствениот наш Спасител и никој друг. Човек не може да спаси човек. (...)
Значи, нема никаков проблем во Догматиката на Црквата. Проблем е што луѓето заглавуваат во неправилното разбирање и во неправилниот подвиг да ја надминат поделбата меѓу Несоздаденото и создаденото, и тука остануваат заглавени. Не сфаќаат дека таа поделба е надмината со воплотувањето на Синот Божји и дека ние ја добиваме на дар преку правилниот подвиг во кој се случува нов личносен однос и дијалог помеѓу Бог и човекот, кој воопшто не е едностран – и човекот Го слуша Бог, но и Бог го слуша човекот. Секако, за ова да се сфати треба да се има жив опит од вистински личносен однос и со Бог и со ближниот.
Од воплотувањето на Синот Божји од Светиот Дух и Дева Марија па натаму, нашиот однос со Бог не го дефинира тоа што Тој е несоздаден Бог, а ние создадени луѓе, туку го дефинира фактот дека Тој е нашиот Небесен Отец, а ние сме Негови чеда и браќа на Богочовекот Христос – по благодат. Така и односот помеѓу Христос и Богородица не го дефинира тоа што Тој е Бог, а Таа човек, туку тоа што Таа е Негова Мајка, а Тој Нејзин Син. Христос може да биде стопати Бог, а Марија може да е стопати обичен човек, и тоа сега нам веќе не ни е битно. Но, суштински ни е битно што Таа Му е Мајка, а Христос Нејзин Син, и што ние сме Негови браќа и Нејзини чеда по благодат; како и фактот што Мајката се почитува и слуша исто колку и Отецот.
Затоа, кога велиме „Пресвета Богородице, спаси нè“, ние не мислиме дека Таа нè спасува од Себе, поради Нејзината совршено обожена природа или затоа што Таа е некаква божица, туку поради Нејзината позиција – како Божја Мајка, Која има Син што Ѝ е послушен; поради Нејзиниот однос кон Бог и поради односот на Бог кон Неа.
Но, зошто дури и во ваква беседа ја спомнувам умно-срдечната молитва? Зашто ако ја имавме, ќе знаевме дека таа е Нејзино откровение и дар – кој од Неа се измолува, а тајната на новите личносни односи, која ја надминува поделбата меѓу Несоздаденото и создаденото, ќе ни беше јасно откриена.
Пресвета Богородице, спаси нè!“ (извадок од книгата)

Премин од душевност во духовностМитрополит Струмички Наум:
Премин од душевност во духовност

„Книгите на Митрополитот Наум постојано функционираат и како практична поука за тоа како да се надминуваат искушенијата кои се секојдневен дел од нашиот живот. Постојат пет точки според кои треба да се постапува во моменти на искушение:

1) прифаќање на сè (и на страдањето од искушението) како Божји дар;
2) благодарење за искушението и дури, посакување нови искушенија;
3) самоосудување и самопреиспитување наместо обвинување друг за настанатото страдање;
4) смиреност и непокажување ни со збор,
ни со дело дека сме во искушение и конечно,
5) молитва.

Тоа е патот на здравата личност кон Бога, односно патот на исцелението на световно измачениот и повреден ум.

На оваа точка, теологијата на Митрополитот се допира до третата тема на оваа книга (покрај илузијата и послушанието) – врските меѓу психотерапијата и теологијата, односно можноста духовникот и психијатарот да соработуваат во создавањето на здрави личности.“ – проф. д-р Венко Андоновски

 

   

Плодоносна девственостМитрополит Струмички Наум:
Надминување на дуализмот

Најважно е дека оваа книга што ја држите в рака, има и една практична, лечебна димензија. Ако животот е страдање и бол, тогаш оваа книга нуди низа практични духовни „рецепти“ како да си го пронајдете вистинскиот пат. Притоа, таа е базирана на проверените опити на светогорските Старци и Отци. Една од најважните тајни за избегнување на страдањата, болката, депресијата и унинието е – восогласувањето на начинот на нашиот живот со степенот на духовниот развој, кој пак треба да го препознаеме според тоа како молитвата „одекнува“ во нашата душа, и дали се молиме со устата и разумот, или со умот, чиј престол е во срцето. Од молитвата зависи и покајанието, без кое нема вистина за себе. Еве ги тие клучни места: „Без да го восогласиме начинот на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, не ќе можеме да постигнеме и восогласеност на нашите мисли, зборови и дела. Покрај нашиот напор и подвиг, сепак, восогласеноста е дело и на Божјата благодат. Кога со начинот на нашиот живот се приклонуваме кон прелеста, ја отфрламе и благодатта и восогласеноста. На пример: некој се наоѓа на степен на очистување на срцето од страстите и наместо со светлинката што му е дадена да си ги гледа своите страсти и гревови и во молитвен молк и послушание да ги исцелува, тој почнува сечиј грев да го бара и гледа – освен својот, и неразумно и јавно да го коментира“. И на друго место: „Ако нашиот Господ, Богочовекот Исус Христос, нè повикува на покајание; ако точното значење на тој збор, според светите Отци, е преумување; ако умот од горд, расеан и затемнет треба, со помош на Божјата благодат, да го преобразиме во смирен, собран молитвено во срцето и просветлен; ако исцелението на умот се случува само на тој начин што неговата енергија се соединува со неговата суштина во срцето, тогаш најсовршеното и најкреативното пројавување на нашето покајание во Црквата е умно-срдечната молитва“. – проф. д-р Венко Андоновски

Само едно е потребноМитрополит Струмички Наум:
Само едно е потребно

„Словото на духовниот отец допира до длабочината на срцето на духовното чедо и однатре го преобразува: му носи светлина на верата, му носи љубов и сила за подвигот, му влева надеж во духовната борба и живот. Духовно го раѓа и го гради, преку взаемниот личносен однос, новиот, во Христос, човек. Оној кај кого ќе успее верата да му ја претвори во опит и во знаење, никогаш веќе нема да го загуби. Односот духовен отец – духовно чедо е Света Тајна на взаемно проникнување и растење во Христос.“ (извадок од книгата)

 

Плодоносна девственостМитрополит Струмички Наум:
Плодоносна девственост

Kнигата е издадена по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
„Толкувачката стратегија на митрополитот Наум е теолошки заснована, но не се врзува само со теориското промислување и однапред дадените општи аргументи. Таа има истражувачка и емпириска димензија, затоа што се потпира врз неговото лично монашко искуство на созерцание, видение, молчание, аскетизам, одрекување и пожртвуваност. Се работи за мисловна матрица во којашто се огледа личниот однос на Митрополитот со/кон Бог. Евангелските приказни, како и искушенијата на денешното време, тој ги толкува не само на историско-есхатолошки и аскетско-исихастички начин, туку и низ призма на „лично-педагошкиот пристап“, на еден редок „личносен пристап“, „реален и обожен личен подвиг“, што на неговите беседи им даваат посебна димензија и вредност.“ – Академик Катица Ќулавкова

Не знаете од Каков Дух стеМитрополит Струмички Наум:
Не знаете од каков Дух сте

Kнигата е издадена по повод 1100 години од упокојувањето на нашиот учител, просветител и духовен отец, Свети Наум Охридски Чудотворец.
„За нас што ја живееме Тајната на Црквата и за сите што навистина сакаат духовно да растат и да се восовршуваат, согласно заповедта на нашиот Небесен Отец, единствен вистински, неодминлив и неодолив критериум е Богочовекот Христос. Тој стана Човек за ние да станеме богови по благодат. Неговото Воплотување нè направи лично причесни на плодовите од, за нас, спасителното општење на својствата на Божјата и човечката природа во Неговата Ипостас. Нашите тела станаа храм на Светиот Дух, Кој живее во нас...“ (од предговорот)

Школа за исихазам: основнаМитрополит Струмички Наум:
Школа за исихазам: основна

„Она што на оваа книга ѝ дава посебна вредност и вонредно значење е толкувањето на оние места од Светото Писмо кои се во функција на педагогијата на духовниот живот. Во духот на вистинското разбирање на Православието, Владиката Наум ги користи и изворните текстови на светите Отци, на црковното предание и сопствениот, личносен монашки опит. При тоа, поставени се темелите на философијата на срцето, кое за православниот верник е центар на сите телесни и душевни сили.“ – проф. д-р Вера Георгиева

 


Ни Јас не ви кажувам...
Митрополит Струмички Наум:
Ни Јас не ви кажувам...

„По читањето на овие беседи, човек престанува да се сака безгранично себеси. Престанува да гледа со телесно, а почнува да созерцува со духовно око. Престанува да изговара молитва (след од зборови), туку почнува да се моли. Јазикот при молитва молчи, говори срцето. Не течат телесни, туку душевни солзи од неговите очи при молитва и покајание. И конечно, не поставува глупави прашања како рационалистите-првосвештеници: каде е Он, зошто не се јави ако постои, зошто не ни каже кој Му ја дал власта и слично. Станува јасно дека Бог без личниот наш подвиг е невидлив.“ – Венко Андоновски

   


Клитос Јоанидис: „Старец Порфириј
“, книга 1
(превод од грчки)


Оваа книга покрај житието на Старецот Порфириј содржи сведоштва и искуства на неговите духовни чеда.

„...Старецот поучуваше дека основна работа на духовниот во Христа живот, голема тајна на нашата вера, е единството во Христа. Станува збор за чувството на нашето поистоветување со другиот, за да си го носиме бремето еден на друг, за да живееме за другите како што живееме за себе, да се молиме ‘Господи Исусе Христе помилуј МЕ' и во тоа ‘МЕ' да има болка за неволјите на другите како за неволји наши, страдање како што тие страдаат, радост за она што е нивна радост, додека нивниот пад го сметаме за свој, а нивното подигање за наше (лично)...“


Соочување со апсурдотМитрополит Струмички Наум:
Соочување со апсурдот

„Соочување со апсурдот“ е книга која настана како директен и жив(оносен) одговор на една многу конкретна и сè уште актуелна црковна состојба, која опфаќа временски не толку долг период, колку што според содржината на случувањата, за православните христијани во Македонија посебно и воопшто за православните христијани, исклучително критичен. Затоа значењето и местото на ова аксиолошко дело-лектира, во нашата теолошка литература е навистина посебно. (од предговорот)

Павел Флоренски: „Обратна перспектива“ и „Иконостас“
(превод од руски)


     ...Обратната перспектива е најдиректната точка во која духовното око на човекот се погледнува или се среќава со Божјото око. Колку подлабоко или повистинито ќе ја прочитаме обратната перспектива, толку повеќе ќе сфатиме дека нашиот живот, нашето постоење, нашите длабоки духовни врски имаат голема смисла во минатото, во сегашноста и во иднината.
    
  


   

Електронска верзија (pdf)
Митрополит Наум: Слово од Водоча

- интервјуа, написи, две беседи, една студија...


Мала но аскетска хроника на настаните што се случија кај нас и го допреа животот на Црквата. Светиот продор на словото „со власт“ во разнебитеното секојдневие на една малечка држава. Благодариме за одговорите и на оние неизговорени прашања од трепетните предели на притаеното човекољубие на изминатите децении! Многаја лета!!!

 

 

Електронска верзија (pdf)Митрополит Наум: Слово од Елеуса
- обновено, дополнето издание (второ)

Многумина тргнуваа од Писмата во оваа книга во пресрет на првиот а кон последниот, старечки благослов на Епископот во кого го наслушнаа својот повик од Живиот Бог и Му поверуваа за да Го следат.

(Есеи:) Едно предание за подвигот на „очистувањето на срцето“ или вистинска содржина на аскетско-исихастичкиот опит по стапките на словото на духовниот отец.

извадок од книгата (pdf)Старец Ефрем Филотејски: Поуки за Исусовата молитва - епитомно издание

Ќе ги наречеме ли поуки од наследството на светата исихастичка школа на преподобниот Јосиф Спилеот? Или сепак, еден Божествен принос на многуплодниот свет ученик Ефрем Филотејски!!!

За тајната и благословот на послушанието кон Старецот.

Особеност: предание од личниот опит во подвигот на умствената молитва до најтенките нијанси. (превод од грчки)

   

Јован Маендорф: Свети Григориј Палама и православната мистика
(превод од француски) 

Исихастичката духовност не може да одговори на секој проблем на нашето време. Единствено Евангелието може да го стори тоа! Меѓутоа, таа станала извонредно актуелна токму поради нејзината верност на библиското учење за Бог и за човекот, поради целосната слобода на нејзината побожност восредоточена на единствената стварност - на Исус, Воплотениот Син Божји.
Исихастичката традиција преживеала во срцето на православната Црква не поради некаква апсолутиазија на една посебна школа, туку поради нејзината верност кон 'Единствениот Којшто е потребен' во севкупниот христијански живот. Токму во оваа смисла можеме да говориме за Исусовата молитва како за автентична пројава на православната духовност.




Старец Силуан: Таговна радост
- радосна тага -

Каков е неизглаволливиот пат на Светиите, за да ги гледа секој богољубив неговите патокази... „Тагува душата моја по Господа и со солзи Го барам. Каде Си Ти, Светлино моја? Каде Си Ти, Радост моја? ...Ете, Ти Си на секое место, но мојата душа не Те гледа и во тага, солзејќи, Те бара! ...Кога луѓето го негуваат стравот Божји, тогаш е тивко и спокојно да се престојува на земјата. “ Старец Силуан е канонизиран за Светител во 1988 година од страна на Вселенската Патријаршија во Константинопол. (Превод од руски.)



    Старец Јосиф: Исихастички сведоштва
- епитомно издание -

Малечка но сеопфатна книга (тринаесет писма) за подвигот на Исусовата молитва: од почетоците до најскришните совршенства. Поучува за законитостите на содејствувањето на благодатта, за духовната смисла на страданијата, за стратегијата на борбата со демоните и одолевањето на разорното влијание на страстите во срцето... (Превод од грчки)

     

Старец Паисиј: Вовед во монашкиот живот - епитомно издание -

Најкорисни податоци за почетоците на монашкиот живот. Практични информации и упатства за искушеничкиот период и јасни патокази за потребата од духовно раководство на Старец за најголемото мноштво почетници. Условите на животот во послушание. Засакајте ја молитвата! За патот на отците. Други пораки и откритија.На својот духовит јазик Старецот Паисиј отвара видик кон спасителниот пат што им е еднакво потребен и на тие што тежнеат кон манастирот и на оние кои ќе останат и ќе се спасуваат дома. По неговите молитви да ни го даде Бог совршеното послушание. Амин.

 

    Старец Софрониј(Сахаров): За духот и животот - 247 слова -

До чувствителното крајче на душата, скриеното срце на човекот!Откако ќе ја прочитате барем еднаш, книга што со доверба и ревност ќе ја отварате на дофат - за да си земете вдахновение да се потрудите во својот напор кон светоста. По молитвите на овој Старец, дај ни Господи да започнеме со малечките нешта во секојдневниот живот, а да завршиме со свеста „јас сум“! (Превод од грчки.)

     

Јован Д. Зизиулас, Епископ Пергамски: Од маска до личност
- студија -

Едноставна историја на развојот на поимот на личноста во главните мени на философијата. Единствениот одговор на теологијата: онтологијата на личноста како апсолутен поим (е) неразделна од познанието на Божественото битие како Личност. Првоначалноста на слободата. Љубовта: начин на постоење на Бога, принцип на заедницата со Него, залог, пројава на вечниот живот, востановение на личноста (саможртвено). (Превод од грчки.)

 

    Свети Игнатиј Брјанчанинов: Темели на духовниот живот

За подвигот на плачот и дарот на солзите. Севкупноста на молитвениот подвиг и неговите негативни аспекти. Што ја прави молитвата света, т.е. дејствителна? Што ја разорува и го труе подвигот? Поопширно за прелеста. Значењето на духовното раководство за напредокот во Исусовата молитва. Кусо житие на Свети Игнатиј. (Превод од руски)

     

Слово за монаштвото

Оваа книга ја предизвика првото соборно искушение на штотуку роденото монаштво: големата врева на неколцината вознемирени родители и новинари, но и сенишниот облак на случајните намерници над првите осветлени чела на младата Христова војска во Земјата. Заради молитвите на Старецот, Господ нѐ помилува. Амин.

 

   

Мал православен молитвеник - трето издание

Утрински и вечерни молитви. Неколку добро познати молитви на Светителите. Молитви за разни потреби. Акатист на Пресвета Богородица.


     

Сестринството од манастирот на Пресвета Богородица Елеуса: Божествена Литургија на св. Јован Златоуст

Со возобновувањето на монашкиот исихастички и евхаристиски живот во нашите манастири возобновено е и старото македонско црковно пеење. Овој електронски запис нека биде наш монашки дар, а ваш предвкус на Новиот Живот што пред две илјади години засветли од Витлеемската пештера.

CD-то е издадено со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Струмички Наум.

 

    Списание за духовна култура „Домострој“ Канон на св. Андреј Критски Житие и канон на св. Петанесет Тивериополски свештеномаченици Старец Софрониј, „За духот и животот“