|
|
|
|
Митрополит
Наум: Слово од Елеуса
- обновено, дополнето издание (второ) 350
ден.
Многумина тргнуваа од Писмата во
оваа книга во пресрет на првиот а кон последниот, старечки благослов
на Епископот во кого го наслушнаа својот повик од Живиот Бог и Му поверуваа
за да Го следат.
(Есеи:)
Едно предание за подвигот на „очистувањето на срцето“ или вистинска
содржина на аскетско-исихастичкиот опит по стапките на словото на духовниот
отец. |
|
Старец
Ефрем Филотејски: Поуки за Исусовата молитва -
епитомно издание 350
ден.
Ќе ги наречеме ли поуки од наследството на светата исихастичка
школа на преподобниот Јосиф Спилеот? Или сепак, еден Божествен принос
на многуплодниот свет ученик Ефрем Филотејски!!!
За тајната и благословот на послушанието кон Старецот.
Особеност: предание од личниот опит во подвигот на умствената
молитва до најтенките нијанси. (превод од грчки)
|
|
|
|
Митрополит
Наум: Слово од Водоча
- интервјуа, написи, две беседи, една студија...
350
ден.
Мала но аскетска хроника на настаните што се случија кај
нас и го допреа животот на Црквата. Светиот продор на словото „со власт“
во разнебитеното секојдневие на една малечка држава. Благодариме за
одговорите и на оние неизговорени прашања од трепетните предели на
притаеното човекољубие на изминатите децении! Многаја лета!!!
Павел Флоренски: „Обратна перспектива“ и „Иконостас“ 550 ден.
Духовната егзистенција на една култура, на еден народ, се одликува со тивкост и ненаметливост во творештвото. Ова творештво на визнатискиот живопис безгласно пребива и е присутно во македонските цркви и манастири повеќе од едно илјадалетие.
Обратната перспектива го буди духовното око на верните, просветлувајќи ги со присуството на обожителната светлина на Светиот Дух. Во тој контекст, иконостасот е вселенската седржителност пред која ни се отвораат дверите на Божествениот домострој за нашето спасение.
Објавувањето на книгите „Обратна перспектива“ и „Иконостас“ од Павел Флоренски, по повод шестгодишнината на возобновениот иконопис и годишнината на почетоците на преродбенскиот бран на фрескописот во манастирите на Струмичката епархија, е автентично сведоштво за молитвените плодови што монасите несебично ги принесуваат за луѓето во светот. |
|
Јован
Маендорф: Свети Григориј Палама и православната мистика
Исихазам: историја, теологија, антропологија...
живот на Божествен начин 350
ден.
Оваа книга на класикот на православната теологија е веројатно
единствениот транспарентен паноптикум на севкупната православна мистика
достапен и за воцрковениот човек и за боготрагателот ерудит кому светите
аскетско-исихастички откровенија за богочовечката христијанска стварност
му го отвараат аспектот на вистинското достоинство на тајната на човекот.
По молитвите на најлегитимниот претставник на исихазмот на сите времиња,
Светиот Григориј Палама, чија духовна фигура ја облагородува секоја
димензија на оваа книга, Бог да го вдахнови и ваквиот интелектуалец
и свесно богољубивиот читател, откривајќи му се Себеси! Амин.
(превод од француски)
|
|
Митрополит Наум:
Школа за исихазам (Книга 1)
Опитен вовед во Преданието на умносрдечната Исусова молитва. Учењето на светогорските старци од 20 век за патиштата кон стекнувањето на Божјиот дар на умносрдечната молитва. За есхатолошките димензии на умносрдечната молитва. Умносрдечната молитва како критериум за пастирскиот подвиг на свештенството и влијанија во еклисиологијата. Анализи: аскетско-исихастички аспекти на современите текови во односите меѓу МПЦ и СПЦ.
Книгата е отпечатена во манастирската печатница „Свети Теодосиј Синајски“ при машкиот манастир на Светите Четириесет Севастиски маченици во Банско. |
|
|
|
|
|
|
|