Prodavnica za ikoni
 
 
 
 
 

Икони

 

 

          
          Според древните византиски канони, иконите и денес се изработуваат на истиот начин како и пред повеќе од десет века (всушност, првите икони на Пресвета Богородица Св. апостол Лука ги насликал по Педесетница, во првата година по Христовото Воскресение; факт што зборува дека историјата на иконописот е стара колку историјата на Црквата).

          

         

          Во однос на техниката на сликање и доминантните нијанси на бои, иконописците следат една од двете најпознати школи (техники, правци) во иконописот: Критската школа или Македонската школа.

 

          Иконата може да се проучува од повеќе аспекти: историја на живописот, теологија на иконата, симболика на боите, техники на сликање ... повеќе...

          Иконописот во монашките атељеа на Струмичката Епархија го задржува методот на јајчена темпера, кој користи пигменти со природно потекло. Соодветно на техниката, за изведбата на иконата се користи квалитетно дрво, најчесто: орев, липа, даб, јасен, костен, цреша.
         

          Иконите се со двојна позлата, најчесто од 24-каратно злато. Големините на иконите (со еден или два лика) што може да се нарачаат може да бидат следните:


1. А4 формат (20x30 cm; 22x29 cm) -   350 евра
2. А3 формат (30x40 cm; 32x40 cm) -   700 евра
3. А2 формат (40x60 cm; 44x60 cm) - 1200 евра

Поштарината не е вклучена во цената.
          
         За икони кои изобразуваат сцени со повеќе ликови (пр. Рождество Христово, Воведение на Пресвета Богородица, сцени од животот на некој светител и други) цената се зголемува за 100 евра по икона.
         

                                

Контакт за нарачка на икони



Бројаници

         Најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец (суитаж). Црната боја ја носи симболиката на покајанието. Но, денес бројаниците можат да се сретнат во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1000 јазли.

         Преданието говори дека некаде околу четвртиот век по Христа, на еден монах од пустинаБројаницита ангел Господов му ја открил вештината на плетењето бројаници, откако тој усрдно се молел. Имено демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило. Тогаш ангелот го научил да прави сложени топчиња на бројаницата, така што секое топче е составено од седум крстовидни внатрешни мали јазли, кои демонот не можел повеќе да ги разврзе.

         Со помош на бројаницата се кажува Исусовата молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната)! На секое топче од бројаницата оваа молитва се изговара посебно. Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.


Нарачка на бројаници