Во Александрија осветена реновираната црква на Светото Благовештение и отворена новата резиденција на Александриските Патријарси
 
 
 
 
 

Во Александрија осветена реновираната црква на Светото Благовештение и отворена новата резиденција на Александриските Патријарси (06.04.2006)

Во неделата на 2 април 2006 г. во Александрија после двегодишно реновирање беше осветена соборната црква на Благовештение на Пресвета Богородица, и отворена новата резиденција на Александриските Патријарси.

На Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговата Светост, Патријархот Александриски и на цела Африка Теодор во сослужение на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, со многубројно свештенство и претставници на Помесните Православни Цркви.

Идејата за реновирање на соборната црква потекна од блаженоупокоениот Александриски Патријарх Петар VII, кого во таа насока го поддржа добротоворниот фонд ’Оназис’, во лицето на претседателот на Фондот, А. Пападимитриу. За потребите на реновирањето беа потрошени околу 600 000 долари. Фондот се најде во ситуација на исцрпени средства со оглед дека помагаше и во устројувањето на црква на Свети Никола Мирликиски во неговиот роден град.

Црквата на Благовештението на Пресвета Богородица е устроена во 1856 година. Во Египет живеат околу 2500 Грци, од кои во Александрија околу 1000.

извор: http://www.pravoslavie.ru/cgi-bin/sykon/client/display.pl?sid=246&did=1821