Во мај во Женева четирите најстари патријаршии заедно со архиереи на Кипарската Црква ќе одлучуваат по прашањето за избор на нов Архиепископ на Кипар
 
 
 
 
 

Во мај во Женева четирите најстари патријаршии заедно со архиереи на Кипарската Црква ќе одлучуваат по прашањето за избор на нов Архиепископ на Кипар (06.04.2006)

На 17 и на 18 мај по барање на Кипарската Архиепископија Цариградската Патријаршија ќе одржи проширен собор во Женева (Швајцарија). На соборот ќе земат учество и претставници на трите древни патријаршии – Александриската, Антиохиската, Ерусалимската – како и архиереи од Кипарската Архиепископија. Се очекува синодот да одлучи по прашањето за избор на нов Архиепископ на Кипар, со оглед дека Архиепископот Хризостом, заради долгогодишно боледување, не е во состојба да ги исполнува дожностите. Ако се дојде до ова решение, на 25 јули во Кипар ќе бидат спроведени избори за нов Архиепископ.

 

Во изборот на Поглаварот на Кипарската Православна Црква учествува целиот народ. Според анализите на кипарскиот канал РИК најголеми шанси за успех засега има Епископот на Кикос, г. Никифор. Тој добил 36% од гласовите на анкетираните, а зад него е Епископот на Лемес, г. Атанасиј со 19%, Епископот на Паф, г. Хризостом со 8%, Епископот на Китио г. Хризостом 4%, 28 % од прашаните не се изјасниле итн.

 


извори: 
http://news.rnn.gr/en/index.php?option=com_content&task=view&id=203&Itemid=2http://www.dveribg.net/content/view/1997/74/