Во Москва одржан десеттиот Сесветски руски народен собор (07.04.2006)
Десеттиот Сесветски руски народен собор се одржа во Москва од 3 до 5 април. Тема на овој јубилеен собор беше „Верата, човекот, земјата. Мисијата на Русија во 21 век“. Според изјавата за новинарите на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Калининградски и Смоленски г. Кирил, во центарот на разговорите на оваа тема е православното сфаќање за правата на човекот. „Сметам дека историскиот успех на Соборот е во тоа што проблематиката на правата на човекот и на човековото достоинство смогна да ја изрази во категории приемливи за апсолутното мнозинство на нашите луѓе. А тоа значи дека темата за правата на човекот и човековото достоинство ќе престане во свеста на нашиот народ да биде сметана за политичко прашање, како некое политчко оружје. И можеби, со откривањето на таа перспектива, дејствително стапуваме во нова епоха на устројување на правното општетство и на државното уредување, во кое човековото достоинство ќе биде почитувано“, рече митрополитот Кирил на крајот од прес-конференцијата.
Традиционално во Сесветскиот руски народен собор учествуваат не само православни туку и претставници од сите конфесии во Русија. Поздрав до учесниците на соборот упати и претседателот Путин.
Извор: www.patriarhia.ru