Во црквата на Свети Никола во близината на Оренбург (Русија) мироточи иконата на свети Макариј Квиткин (10.04.2006)
Иконата на првиот оренбуршки светител, Макариј Квиткин, веќе три години мироточи во црквата на Свети Николај Чудотворец во селото Долна Павловка во Оренбуршката област. Во 1925 година свештеникот Макариј Квиткин (роден во 1882 г.) заедно со семејството се доселил во Оренбург, и служел во тамошната црква. Но, веќе во 1931 година пострадал од комунистичката власт. Свети Макариј бил канонизиран на архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква во 2000 година. Неговиот спомен е опеан во тропар, и неговиот лик се живописа на икони. Една од нив почна да мироточи во црквата на Свети Николај Чудотворец во Долна Павловка.
Во оваа црква има 5 чудотворни икони. Од нив прво почна да мироточи иконата на Мајката Божја во 2000 година. Три години подоцна истото чудо се случи и со иконата на свештеномаченикот Макариј Оренбургски.
Во 1995 г. списанието „Православне живот“ го објави житието на о. Макариј запишано од неговиот син Владимир.
Страдањето на о. Макариј започнало со неговото одбивање да го признае за надлежен архиереј и да му се потчини на митрополитот Сергиј, кого советските власти го поставиле на местото од затворениот во логор митрополит Петар Крутицки. Со својот став предизвикал раскол во црквата во којашто служел, при што мнозинството верни застанале на страната на новодојдениот о. Макариј, наспроти нивниот долгогодишен свештеник кој се приклонил кон новопоставениот митрополит, соработник на политиката на државните власти. По ова властите му наложиле на о. Макариј голем растечки данок, реално неисплатлив со приходите на свештеникот. Куќата му ја конфискувале, а набрзо неговиот живот и животот на семејството со трите деца го подложиле на гонење. Во замена на свештеничкиот чин властите му нуделе учителска работа. Му се заканувале со животите на неговите деца, но рекол дека тој им ги доверува на волјата Божја, и нема да се одрече од Христос. Во јануари 1931 г. е упасен и набрзо стрелан по „вонсудско решение“, како што деликатно се изразиле наследниците на комунистите „рехабилитирајќи“ го во октомрви 1991 г. За неговата смрт семејството било предупредено од затворските стражари. По убиството властите не само што не им дозволиле да го погребаат туку им забраниле на најблиските и да зборуваат за тоа. Народот зборувал дека е убиен во една јама со гас заедно со група прочуени свештеници од Оренбуршката област и други вистински христијани што одбивале да одат по патот на безбожната власт. Неговите деца ги одгледале верни луѓе. Се преставил пред Господа на Цветници, на 1 април 1931 година.
Извор: http://www.annews.ru/modules.php?name=News&file=article&sid=37333