Грчката Црква не брза да го признае за свет монахот, чиешто тело е пронајдено нетлено
 
 
 
 
 

Грчката Црква не брза да го признае за свет монахот, чиешто тело е пронајдено нетлено (11.04.2006)

Атина. Светиот Синод на Грчката Православна Црква смета дека ситуацијата околу телото на монахот Висарион (Корколиакос), жителот на Агатонскиот манастир во Ламија (Грција), коешто е најдено во март нетлено 15 години после неговото погребение, е "знак одозгора" и "порака на епохата". Притоа црковните ерарси засега не брзаат да ја започнат процедурата за неговото вбројување во ликот на светиите, пишува весникот "Катимерини".

"Верувам дека е тоа знак Божји" веќе изјавил епископот Николај, поглаварот на епархијата во Фиотида. Според неговите зборови, дури и мекото ткиво на упокоениот монах е сочувано нетлено. Четворицата помесни лекари, коишто се повикани од црковните власти, се покажаа неспособни да ја објаснат причината за нетленоста на телото. Петиот експерт, истражител од Атина, во своето известување пишува дека порано немал прилика да се сретне со слични случаеви.

 

                               
                                                                      Агатонскиот манастир во Ламија (Грција)

 

информацијата е преземена од: www.sedmitza.ru/index.html?sid=657&did=32052