Во Словачка е востоличен Православниот Архиепископ Прешовски (11.04.2006)
Во Словачка на 7 април 2006 година е востоличен Архиепископот Прешовски Јан Голонич. Возглавувајќи ја најголемата епархија на државата тој стана и поглавар на помесната Православна Црква којашто е составен дел на автокефалната Православна Црква на Чешките земји и на Словачка.
Свечената церемонија, на којшто зедоа учество Архиереите на Православната Црква на Чешка и Словачка, се одржа во соборната црква на Светиот Александар Невски во градот Прешов (Источна Словачка).
Во мај чешките и словачките православни ерарси треба да изберат митрополит-поглавар на Православната Црква на Чешка и Словачка. Местоблустител на митрополитскиот престол на Православната Црква на Чешка и Словачка сега е Архиепископот Пражки и Чешки Христофор.
Поглавар на православната паства беше неодамна упокоениот Митрополит Николај, којшто истовремено беше и Архиепископ Прешовски.
Според податоците од канцеларијата на Архиепископот Прешовски, само во Источна Словачка живеат 300 илјади православни верници.
Извор: официјаниот сајт на Руската Православна Црква - Московска Патријаршија