Празникот на Благовештение беше прославен во Назарет со свечени богослужби
 
 
 
 
 

Празникот на Благовештение беше прославен во Назарет со свечени богослужби (12.04.2006)

На 7 април  2006 година на празникот на светото Благовештение на Пресвета Богородица Ерусалимскиот Патријарх Теофил празничната Божествена Литургија ја отслужи во црквата на Светиот Архангел Гавриил во Назарет.

По Литургијата свештенството излезе на литија по улиците на градот. Патријархот го придружуваа православните жители на Назарет, многубројни поклоници од Русија и од Украина и детски извиднички одреди. После литијата беше одржан собир од православното свештенство, претставници на други верски заедници и на властите во градот. 

 

Извор: Оддел за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија

 
 

бунар во криптата на црквата на
Свети архангел Гавриил во близина на
чешмата наречена Изворот на Марија