Редовен литургиски живот за духовните чеда на Бугарската Православна Црква во Париз
 
 
 
 
 

Редовен литургиски живот за духовните чеда на Бугарската Православна Црква во Париз (14.04.2006)

Близу четири години Бугарската Православна Црква за својата црковна општина во Париз простор за богослужење користела во рускиот црковен соборен храм на Свети Александар Невски, и тоа само во саботите. На сајтот Bulgarie-France.net  може да се најде информацијата дека оваа црковна општина во Париз, чиј патрон е Светиот Трновски патријарх Евтимиј, деновиве ја доби на користење за богослужење црквата на Четворицата Евангелисти во 18-от кварт. Со тоа се отвара можност за редовен заеднички литургиски живот и веронаука за православните Бугари од Париз и од околината. Православниот евхаристиски живот во храмот во 18-от кварт организиран од Бугарската Православна Црква ќе започне од празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим (Цветници), на 16 април 2006 година во 10 часот, кога Божествена Литургија ќе служи свештеномонахот Емилијан.