Патријархот српски Павле на лекување на Военомедицинската академија во Белград
 
 
 
 
 

Патријархот српски Павле на лекување на Военомедицинската академија во Белград (15.04.2006)

Патријархот српски Павле „поради општата здравствена состојба поврзана со неговите години“, во средата навечер, на 12 април, беше примен на лекување на Воeномедицинската академија во Белград.   

Според зборвите на секретарот на Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква, о. Саво Јовиќ „здравствената состојба на патријархот Павле е добра и стабилна“, а лекувањето се одвива под контрола на лекарите на Воeномедицинската академија. Лекарското соопштение на директорот на оваа медицинска установа, д-р Миодраг Јевтиќ, вели дека патријархот се опоравува според очекувањата.

Неколку дена пред одењето во болница патријархот Павле се чувствувал слабо. Колку ќе остане во болница засега никој во Патријаршијата не може со сигурност да каже. На Велика среда наредната недела српскиот патријарх би требало традиционално да го прочита Велигденското послание. Доколку неговото опоравување потрае дотогаш, посланието веројатно ќе го прочита најстариот член на Синодот, Митрополитот Загребачко-љубљански г. Јован.

Засега е неизвезно и дали патријархот ќе може да служи Божествена Архиерејска Литургија на Велигден во црквата на Свети Сава.

 

Од информациите за неговите јавни работни задолженија последно се известуваше за посетата на делегациите на Фондот на Свети Андреј Првоповикан и на Центарот за национална слава на Русија на 8 април, кога беа  утврдувани деталите околу изнесувањето и предавањето на цетињските светињи (десната рака на Св. Јован Крстител, честицата од животворниот крст и иконата на Пресвета Богородица Филеримоса) на привремено чување во храмовите на Руската Црква заради поклонение на верните во Москва.

 

По повредата на колкот, на 7 декември, поради која три недели беше лекуван на Военомедицинската академија, патријархот Павле, кога му дозволуваше здравјето, служеше во соборната црква.

 

известува: српскиот дневен весник „Политика“