На Велики четврток се упокои проф. Тотју Коев, од Теолошкиот факултет при Уиверзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија (21.04.2006)
Опелото на проф. Тотју Коев, кој после подолго тешко боледување почина вчера во раните утрински часови, ќе биде извршено на Велики петок во 13, 30 часот во соборната црква на Света Недела во Софија.
Нема информација дали некој од митрополитите ќе го изврши опелото, со оглед дека сите се повлечени по своите епархии заради богослужењата на Страдалната седмица.
Но за покој на неговата душа ќе дојдат да се помолат многубројни свештеници, богослови, поранешни и сегашни студенти на проф. Коев од целата земја. Од Универзитетот се очекува на погребот да дојде автобус со предавачи и студенти на упокоениот професор.
Проф. Коев беше најдобриот познавач на православната догматска и систематска теологија во Бугарија. Децении на ред беше и советник на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква за верски прашања. Речиси нема свештеник или богослов во Бугарија кој не бил негов уленик.
„Има нешто симболично во тоа што на денот на опелото на Господ Исус Христос ќе биде извршено и опелото на неговиот мал, но верен до смртта ученик, Божјиот раб Тотју Коев,“ рече еден од неговите колеги од Бугарскиот Факултет. Ги молиме сите што го познаваа и оние што не го познаваа да се помолат за него. Бог да го прости!
известува: http://www.dveri.bg/content/view/2117/74/