Опело на проф. Тотју Коев (21.04.2006)
Денес, во соборната црква на Света Недела во Софија беше отслужено погребно опело за проф. Тотју Коев од Теолошкиот факултет при Уиверзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија. Опелото го извршија Епископот Снеполски г.Николај, викар на бугарскиот патријарх и Епископот Маркианополски г. Константин, во присуство на мноштво свештеници, стотици блиски, пријатели, поранешни и сегашни студенти.