Во храмот на Гробот Господов слезе благодатниот оган (22.04.2006)
Околу десет илјади православни христијани денес беа сведоци на чудото на слегувањето на благодатниот оган во храмот на Гробот Господов во Ерусалим.
Сиот храм и плоштадот пред храмот беа преполни со верниците. Мнозина беа качени на покривите на куќите.
Светиот оган се разгоре на чудесен начин за време на молитвата на Ерусалимскоит Патријарх Теофил, како што тоа се случува секоја година воочи православниот Велигден.
Потоа поглаварот им го предаде оганот на верниците. Тие ги измиле своите лица и глави во благодатниот оган бидејќи тој во првите минути не ја гори кожата и косата. Верниците ги запалија своите светилки и кандила за да го понесат оганот во своите домови.
Извор: Интерфакс