Московската Патријаршија го одбележува формирањето на најголемата руска дијаспора во Европа
 
 
 
 
 

Московската Патријаршија го одбележува формирањето на најголемата руска дијаспора во Европа (02.05.2006)

Руската Црква укажува на формирањето на најголемата домашна дијаспора во Европа и ги повикува нејзините претставници да не ја губат врската со Татковината.

„Стотици илјади рускојазични жители во последните години се населија во земјите на Европската Унија. Денска, реално може да се зборува за формирањето на најголемата руска дијаспора во земјите на западна и централана Европа “, - се вели во посланието на Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил до учесниците на конференцијата на Европско рускојазичниот сојуз, кој се одржа при крајот на месецот април.

Тој исто така ги повикал сонародниците коишто живеат во странство „да го развиваат својот црковен и културен живот, да ги зачуваат традициите на предците, својот јазик и својот начин на живеење“.

Известува: Interfax