Верска толеранција (02.05.2006)
Цариградскиот патријарх г. вартоломеј вчера, после службата во турска кападокија, ги поддржа залагањата за изградба на џамија во Атина. Неодамна Грција беше критикувана дека на нејзината муслиманска заедница не ѝ овозможила соодветно место за молитва. Православната Црква, од своја страна, изрази поддршка за атинската џамија, со став дека државата треба да покаже толеранција кон исламската религија. Засега, Атина е единствен европски главен град без џамија.
известува: Ekathimerini