Богословска семинарија на Халки (02.05.2006)
Началникот на Министерството за надворешни работи на Турција не смета дека одбивањето на Турција да отвори православна семинарија на островот Халки претставува препрека за нејзин влез во Европската Унија. Министерот за надворешни работи на Турција, г-дин Абдула Гјуљ изјави дека позицијата на Владата е непроменета во однос на отварањето на православната семинарија на островот Халки во Мраморното море. Во Софија, во неофицијална средба на министрите за надворешни работи на земјите на НАТО, турскиот министер за надворешни работи, г-дин Абдула Гјуљ ги отфрли приговорите од страна на министерката за надворешни работи на Грција, г-ѓа Дора Бакојани, во врска со непочитувањето на религиозните слободи од страна на Турција. Министерката помеѓу другото истакна дека почитувањето на религиозните слободи е задолжителен услов за влегување на Турција во Европската Унија, и ја подвлече важноста за Атина од разрешувањето на спорната ситуација околу православната семинарија. Во одговор на тоа, министерот Абдула Гјуљ изјави дека во неговата земја не постои проблем во врска со религиозните слободи, а религиозните малцинства ги имаат сите неопходни права. Меѓутоа, според неговите зборови, намерата на Црквата да оствари богословско образование според сопствениот независнен Устав му противречи на Уставот на Турција според којшто слични привилегии можат да користат само ограничен број на образовни институции. Началникот на турското Министерство за надворешни работи исто така напомна дека постои согласност на властите во врска со отварањето на семинаријата, доколку таа стане дел од Истанбулскиот универзитет. Меѓутоа, слична варијанта за отварање на богословска школа претходно беше отфрлана од страна на Цариградскиот патријарх во чијашто надлежност и се наоѓа. Богословската школа на островот Халки, единствена семинарија на Цариградската Црква, беше затворена од страна на турската Влада во 70-те години и оттогаш не беше отворена. До нејзиното затворање таа се здоби со слава на една од најдобрите теолошки образовни институции. Известува: Interfaks