Изјава на Цариградскиот патријарх Вартоломеј во врска со влегувањето на Турција во Европската Унија
 
 
 
 
 

Изјава на Цариградскиот патријарх Вартоломеј во врска со влегувањето на Турција во Европската Унија (05.05.2006)

Деновиве, во текот на семинарот на парламентарниот собор на НАТО во регионот на Средоземното море во Истанбул, Патријархот Цариградски Вартоломеј повторно изјави дека влегувањето на Турција во Европската Унија ќе донесе многу добро за целиот регион.

„Истанбул е единствениот град во светот којшто обединува два континента. Ние коишто живееме на допирната точка на Истокот и Западот докажавме дека различните култури и религиозните верувања можат мирно да сопостојат“, подвлече тој. „Сметам дека влегувањето на Турција во Европската Унија ќе ја ублажи напнатоста помеѓу Истокот и Западот“.

Известува: Sedmitza.ru