Патријархот Бугарски Максим повторно е хоспитализиран
 
 
 
 
 

Патријархот Бугарски Максим повторно е хоспитализиран (05.05.2006)

Поглаварот на Бугарската Православна Црква Патријархот Максим се наоѓа на лекување во болницата „Лозенец“. Како што извести директорот на Медицинскиот центар д-р Љубомир Спасов, Патријархот бил примен во болницата со фрактура на бедрената коска и пред четири дена му била извршена хируршка интервенција. Неговата општа состојба е добра и како што вели Др. Спасов се очекува да биде пуштен на домашна нега за две до три седмици.

Инаку, Патријархот имаше слична незгода и во септември минатата година но со бедрената коска на другата нога.На 29 октомври минатата година Патријархот наполни 91 година.

Известува:www.dveribg.net