Света Гора
 
 
 
 
 

Света Гора (06.05.2006)

Со сеноќно бдение отслужено од четворица Епископи, бугарскиот светогорски манастир на Свети Георгиј го одбележа храмовиот празник. Со богослужението, од името на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, чиноначалствуваше Ловчанскиот Митрополит г. Гаврил, во сослужение со тројца Епископи на Грузиската Православна Црква кои пристигнаа во зографскиот манастир на поклонение. На сеноќното бдение присуствуваа над 350 поклоници од Бугарија, Македонија, Србија, Русија, Грузија, Грција, Романија и од други држави. За време на Светата Литургија, Митрополитот Гаврил го ракоположи јероѓаконот Пимен за јеромонах. По завршувањето на Светата Литургија со литија беше изнесена една од чудотворните икони на Свети Георгиј за поклонение на верните. На богослужението на десната певница во храмот пееја монаси од другите светогорски обители, а на левата воспитаниците на Пловдивската духовна семинарија. На свеченостите во зографскиот манастир присуствуваа и високи државни претставници на Република Бугарија. Бугарската црковна делегација предводена од Ловчанскиот Митрополит г. Гаврил донесе на Света Гора честица од моштите на Свети Јован Рилскиот Чудотворец којашто ќе биде вградена во параклис посветен на овој Светител.

 

   

Известува: Двери.Бг