Во Сан Франциско се отвора IV сезадграничен собор на Рускатата Задгранична Православна Црква
 
 
 
 
 

Во Сан Франциско се отвора IV сезадграничен собор на Рускатата Задгранична Православна Црква (06.05.2006)

На 6 мај 2006 година во Сан Франциско ќе започне со работа IV Сезадграничен Собор на Руската Задгранична Православна Црква (РЗПЦ) каде што ќе се реши прашањето околу соединувањето со Московската Патријаршија.

 

На Соборот ќе земат учество околу 150 делегати од САД, Канада, Австралија, Израел, држави на Западна и Источна Европа, исто така и од Русија и од другите земји на бившиот Советски Сојуз.

 

„Нашата Црква – тоа е плот од плотта на рускиот народ“ – истакна првиот Архиереј на РЗПЦ, Митрополитот Источно-Американски и Њујоршки Лавр во интервју за официјалниот сајт на РЗПЦ. „Денес ние стоиме на прагот на едномислието коешто, да даде Господ, да овозможи една Чаша не само за паствата туку и за пастирите на целата Руска Црква“, истакна Митрополитот Лавр.

 

Пред неколку дена Неговата Светост, Патријархот Алексиј II во интервју за официјалниот сајт на Задграничната Руска Црква ја изрази позицијата на Московската Патријаршија: „Сега кога се создадоа сите услови може да бидат воспоставени нормални односи помеѓу Руската Задгранична Црква и Московската Патријаршија во целост. Тие односи, како што очекуваме, ќе се регулираат според Актот за канонско единство.“

 

Во споменатиот Акт се говори меѓу другото дека „Руската Задгранична Црква е самостојна во својата пастирска, административна, просветителска дејност како и во управувањето со имотите и во односите со граѓаните.“

 

Во мај 2004 година првиот Архиереј на РЗПЦ прв пат во историјата ја посети Москва и присуствуваше на многу патријаршиски богослужења.

 

За решавањето на проблемите коишто беа пречка за воспоставување на евхаристиско единство се создадени специјални Комисии за преговори коишто досега остварија шест заедничи средби. Решенијата на Комисиите за преговори ги одобрија Синодот на Московската Патријаршија и Синодот на РЗПЦ, којшто и го прифати решението за свикување на Сезадграничниот Собор.


известува:
Патриархиа.ру